Достапни линкови

Граѓаните незадоволни од неподготвеноста на градските власти


По хаосот на улиците во центарот на Скопје како резултат на воведување на еднонасочен сообраќај на улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Железничка“ скопјани полека се навикнуваат на новитетот подготвен од градските власти за разрешување на сообраќајниот метеж низ Скопје, иако потенцираат оти не веруваат дека еднонасочниот сообраќај ќе го реши проблемот:

„Да ви кажам јас сум возач над 40 години професионалец, сега сум во пензија, ама пак се занимавам нешто. Хаотична е состојбата. Неможно е да се вози.“

„Секако е дека е голем хаос, улиците се претесни, нема паркинг плацови. Сега нема шпиц, преку целиот ден е шпиц.“


Скопјани се незадоволни од слабата организираност на градот при воведувањето на новиот режим за сообраќај. Ти посочуваат дека наместо се да биде подготвено уште на самиот старт и да се избегнат непотребните нервози, на градските власти им требаше една недела за да ги репрограмираат семафорите и да ги завршат активностите за проширување на една од лентите кај подвозникот на „Железничка“

„Богами неспремни беа. Требаше да се почека малку, да помине првиот и вториот бран луѓето да отидат на одмор, па полесно да го прифатеа тоа. Немаше никакво објаснување за тоа. Одеднаш во понеделникот сабајле беше хаотично. Не знам како ќе се реши овој проблем.“

„Мислам дека не е решение тоа. Претесен е градот за толкав број возила.“

„Нема кој да информира, тие се зафатени со политика.“


Од градскиот комитет за урбанизам пак посоќуваат натамошно подобрување на состојбата со сообраќајот во центарот на градот скопјани ќе мора да почекаат за целосно воведување на еднонасочен сообраќај со кој ќе бидат опфатени и улиците Иво Лола Рибар и Народен Фронт. Според одговорните, потребно е да помине одредено време за да се видат вистинските резултати:

„Делот што ние го спроведовме како еднонасочен е само еден дел од поголем потег за воведување еднонасочен сообраќај и тој потег покажува веќе позитивни резултати. Тргна вест дека не било тоа најавено. Ние не можеме да правиме кампања, сите учесници во сообраќајот се должни да ги гледаат и почитуваат сообраќајните знаци. Не може ако сме ставиле 90 знака учесникот во сообраќајот не го видел или не мора да го гледа знакот,“

вели Бранка Станоевска од градското собрание.
XS
SM
MD
LG