Достапни линкови

По ЕСМ на ред вработените во здравството


Она што барем досега единствено беше заедничко за вработените во електростопанство и министерството за здравство е тоа што доколку касите од кој ги земаа месечните примања на крајот од годината беа испразнети државата беше должна истите да ги наполни. Деновиве судбините на вработените во овие институции случајно или не се вкрстуваат, и кај едните и кај другите е актуелно прашањето за вишокот вработени. Разликата е во тоа што во електростопанство имињата на 1100 те вработени кои до септември ќе мора да ги напуштат своите места се веќе познати.

„Ние не сме против реформите, напротив. Реформите треба да течат, но не да се гази преку луѓе и преку судбините на некои луѓе. Нека се отворат нови работни места, фабриките нека се рестартираат, да се најде лек. А не луѓето да се испраќаат на улица и да запаѓаме во поголем јаз како држава“

вели Дејан Божиновски од иницијативниот одбор на избрканите работници на ЕСМ. Во министерството за здравство имињата на лицата кој ќе треба да ги напуштат своите работни места сеуште се непознати, но аберот од владата е веќе пуштен, сите директори на здраствените установи ќе треба да изготват бизнис план по што ќе го утврдат и вишокот на вработени. Според сојузот на синдикатите, нерационално е да се отпуштаат работници пред да се спроведат реформите во здравството.

„Ако има превработеност, тоа ќе го реши реформата“

е ставот на Симо Силјановски председател на гранковиот синдикат за здравство. Првиот човек на синдикатот на вработените во клиничкиот центар Ангелко Саздовски од каде се очекува да бидат отпуштени и најголем број на здраствени работници коментира, се работи за апсурдна ситуација, од една страна се прават списоци за отпуштање, од друга веќе се распишуваат огласи за прием на нови медицински сестри.

„По налог, практично со декрет се бара прогласување на технолошки вишок, а во исто време се распишуваат конкурси“

И додека парламентараците денеска дебатираат на тема ЕСМ, треба или не отпуштање, Божиновски со аргумент дека заминувањето на 1100-те вработени од компанијата не е клучната алка во решавањето, на проблемот со лошата финансиска состојба во која сега се наоѓа компанијата.

„Ние имаме 1.000 луѓе коишто одговараат на еден процент од вкупните трошоци на ЕСМ, а вкупните комерцијални и технички трошоци се околу 20 проценти“

Од клиничкиот центар со коментар дека отпуштањето на вработени каде што има дефицит на работна сила може негативно да се одрази врз квалитетот во извршувањето на работата.

„Тоа може да биде на сметка на квалитетот“

Агрументот на владата е, државата повеќе несмее да ги полни касите ниту на управата ниту најавните претпријатија доколку истите бидат испразнети на име плати. Па оттаму бројот на вработените во овие институции мора да се намали. Според дооговорт со ММФ до крајот на годината ќе мора во просек од секое министерство да бидат отпуштени по чртири насто од вработените.
XS
SM
MD
LG