Достапни линкови

Поддршка за интеграцијата во евроатлантските структури


Посетата на турскиот претседател Сезер продолжува со средба со премиерот Бранко Црвенковски, посета на градот Охрид и Битола каде што ќе ја посети спомен собата на основачот на модерна Турција Кемал Ататур, а во Охрид турскиот претседател ќе прошета низ охридското кале, амфитеатарот а ќе положи цвеќе на споменикот на Свети Кирил и Методија.

Инаку, како и што се очекуваше во првиот ден од посетата на турскиот претседател Ахмет Неџдет Сезер во Македонија, нашата земја побара подршка од Турција во нејзините напори за членство во северно атлантската алијанса
.
„И поконкретна помош и поддршка во областа на одбраната и безбедноста на Република Македонија. Од исклучително значење за двете држави е успешноста на нашите апликации за Европска унија, што е обусловено од она што ќе го покажеме како способност да се справиме со организираниот криминал, корупцијата и тероризмот. И тука очекуваме взаемна соработка, како на билатерален, така и на регионален план“

изјави македонскиот претседател Борис Трајковски, кој доби увервање од неговиот турски колега Ахмет Неџдет Сезер дека Турција ќе ја подржи Македонија во овие напори:

„Турција како и досега ќе продолжи да ја дава својата подршка во напорите на македонија за интеграција во евроатлантските структури,“

изјави турскиот претседател Ахмет Неџдет Сезер.

Претседателот Трајковски исто така изрази надеж дека Турција ќе помогне во вклучувањето македонски фирми во процесот на реконструкија на Ирак.

„Очекуваме од страна на Турција поддршка за вклучување на македонски градежни фирми во процесот на реконструкција на Ирак“

За разлика од високиот степен на политичките односи меѓу двете земји, економската соработка не е на задоволувачко ниво , се согласиле двјацата претседатели.

„За жал, економските односи на некој начин заостануваат и не соодветствуваат со постоечките капацитети и можности со кои располагаат двете држави. Тука акцент му дадовме на постоечкиот договор за слободна трговија за којшто сметаме дека е неопходно да се преоцени за да има подобри економски ефекти од него“
XS
SM
MD
LG