Анкетата која деновиве го потврди присуството на корупција на универзитетот во нашата држава всушност покажа оти токму институцијата што треба да биде куќа на доблеста и да понудува етика и сознанија на младите луѓе всушност стана продуцент на неетичност.
„Иако знаевме дека се прават негативностите сега изнесени во јавноста, тоа значи дека стануваат дел од граѓанскиот дух и дека граѓанскиот дух отсега натаму со огради ќе се однесува спрема моралот на универзитетот. А тоа значи спрема куќата каде што младите треба да се научат на морал“
вели професорот од филозофскиот факултет во Скопје Кирил Темков, кој коментирајќи ја темата на корупција во универзитетот преку примерите на наплатување на испитите што деновиве со сета своја жестокост се наметна во јавнсота посочува:
„Универзитетот не може да биде на страна од негативните појави. Луѓето кои работат таму и студентите не се идеални суштества, ама се очекува уноверзитетот да биде идеален спој на луѓето на зрелоста и луѓето на младоста и таму нештата да се прават на идеален начин. А сега самиот универзитет стана продуцент на негативни појави кои ја возбудуваат етичката свест со својата неетичност“
Професорот по етика укажува оти универзитетот треба да преземе се за да не дозволи во иднина да се случуваат таквите појави. Во таа смисла тој упатува на постоење на два начина кои предвидуваат дејства кои нема да дозволата корупција.
„Еден начин е да се повикува на моралност. Тој морализаторски начин не успева секогаш. Тој начин е постојкано во рамките на педагогијата и тој е дел од дидактиката, и штом е повреден, тоа значи дека не функционира“
Оттука, според Темков неопходно е да почнат да се применуваат дејства кои на унивезитетот нема да дозволат продавање на испити односно запишување преку ред или пак сексулална уцена кои се главни објекти на корупцијата.Тоа според него значи оти во иднина ќе треба да се објективизираат процесите.
„Тоа значи дека процесите треба да се објективизираат – да биде стандардизирана универзитетската дидактика која кај нас апсолутно не е стандардизирана и да се види кој за што прима пари и тие пари да ги оправдува, студентите да се учат во оценувањето на личноста и дејствувањето на наставниците и на крај, испитите кои се еден од изворите на корупцијата, да бидат обејктивизирани со стандардизирани тестови во текот на годината“
Овие процесе се веќе започнати на универзитетот вели професор Кирил Темков, но потенцира оти тие треба да бидата забрзани бидејќи како што вели:
„Идејата за универзитетот, застапеноста, функцијата, наградувањето, заработувањето пари, проодноста на студентите, сите тие прашања не се решени генерално и треба да бидат решени“