Достапни линкови

Илегална трговија со човечки органи


Советот на Европа повика на градење единствена европска стратегија за борба против илегалната трговија со човечки органи.Жртвите на овој високо профитабилен бизнис на организираниот криминал се жителите на сиромашните источноевропски земји. Во извештајот презентиран пред парламентарното заседание на Советот на Европа се вели дека борбата против сиромаштијата е најдобар начин за сузбивање на илегалната трговија со човечки органи.

Колку храна и облека можат да се купат за три илјади долари. Вредат ли тие пари за традање што трае цел живот. Многу жители на источно европски земји, соочени со сиромаштија, позитивно одговараат на оваа дилема.

„Донаторите се млади луѓе меѓу 18 и 28 години кои живеат во многу лоши услови. Тие ги продаваат своите бубрези за сума од две и пол до три илјади американски долари. Примачот плаќа за трансплантација сто до двестеипедесет илјади долари. Разликата во парите оди во рацете на меѓународниот организиран криминал и докторите што ја вршат транспалантацијата,“

вели по истражувањето извршено во Молдавија авторот на извештајот презентиран пред Советот на Европа Рут Габи Манголд. Според неа најголем број трансплантации се вршат тајно, ноќе во Турција. Донаторите се враќаат во своите земји како Молдавија, Естонија, романија Русија само по 4-5 дена најчесто во многу лоша здравствена состојба. Иако продавањето човечки органи е со закон забрането во многу земји – членки на Советот на Европа, праксата покажува дека овој вид криминал е високо профитабилна дејност. Всушност станува збор за појава која е присутна секаде каде што има илегална трговија со луѓе, вели новинарката Алина Аврам од Молдавија по итражувањето на овој проблем

„Секаде каде што има илегалната трговија со луѓе има и шверц со човечки органи. Двата вида на илегаланата трговија ги организираат истите мафијашки кланови.“

Во извештајот презентиран пред советот на Европа се бара градење на единствена европска стратегија која ќе ја сузбие оваа појава. Можеби најважната сугестија содржана во него е сузбивањето на сиромаштијата вели Рут габи манголд

„Што значи дека првата работа е агенциите за развој и за инвестиции да спроведуваат проекти во тие држави.“

Проблемот е сложен, особено ако станува збор за држави каде владее организираниот криминал и корупцијата, но она што првенствено треба да се реши е сиромаштијата, се вели во извештајот презентиран пред Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG