Достапни линкови

Класичен случај на бирократија и неисполнување на функцијата


Атмосферата на турканици, нетрпеливост и бирократија што е вообичаена пред речиси било кој шалтер во државава е особено типична за бирото за вработување во Скопје, каде што изутрината редица луѓе чекаат за да бидат услужени. Тоа што овде во најголем дел доаѓаат оние кои се невработени или се технолошки вишоци што пак претставува најголем проблем во дравава, само по себе предизвикува нервозата кај луѓето пред формалностите кои се типични во административната работа да биде голема, особено кога:

„Цел ден ќе го изгубиш. Треба да станеш рано и да дојдеш, па дали ќе завршиш работа, ќе те маткаат наваму-натаму...“

коментира еден невработен среднист кој секој месец доаѓа тука за да го пријави својот статус. Во тој контекст се и коментарите на останатите граѓани:

„Кога доаѓаш првпат, не знаеш што документи требаат, па те враќаат назад“
„Осумнаесет месеци од Заводот не можам да земам ништо. Ми доделија надоместок, а сега ми доаѓа друго решение – ме одбиваат. Затоа и дојдов, да видам зошто ме одбиваат“


Раководителот на бирото за вработување Павле Бошковски коментира оти реакциите на критики се субјективни, но вели:

„Понекогаш ни се создава поголема турканица, од причина што никогаш не можеме да го определиме бројот на невработените кои ќе дојдат во тој момент“

Бошковски сепак заклучува оти не може се да биде испланирано во детали. Луѓето пак, кои тука доаѓаат за услуга, сметаат оти оваа институција треба да има улога соосдветна на називот, односно да им помогне да најдат работа. Тое велат:

„Па, можеби му помагаат на некого. Еве, јас чекам веќе седум години и ништо. Кога доаѓам да се пријавам, ја прашувам жената дали има нешто за луѓе со земјоделски факултет, а таа ми одговара дека не знае и дека треба да следам огласи. И ништо повеќе“.
XS
SM
MD
LG