На американско – европскиот самит во Вашингтон се разговараше за отворените прашања меѓу Соединетите држави и Европската Унија. Американскиот претседател Џорџ Буш, претседателот на Европската Комисија Романо Проди и грчкиот премиер Костас Симитис на прес конференцијата во Белата куќа рекоа дека најголема закана за мирот во светот е глобалниот тероризам.
„И на Соединетите Држави и на Европската Унија им се заканува глобалниот терор и ние сме решени да го победиме. Ние потпишавме нов договор за да ја зголемиме нашата легална соработка во војната против тероризмот и за зголемување на екстрадицијата на терористите.“
изјави американскиот шпретседател Џорџ Буш. Во врска со Иран Соединетите држави и Европската Унија се согласија дека Техеран не смее да произведува нуклеарно оружје, а како заеднички интерес го наведоа и исполнувањето на меѓународниот мировен план за Блискиот Исток. Во врска со разликите околу трговските односи и надворешната политика меѓу Евроспката Унија и Соединетите држави грчкиот премиер Костас Симитис чија земја е преседавач на Унијата рече.
„Соединетите Држави и Европската Унија не можат во сите сфери на надворешната политика или трговските односи да имаат исто мислење. Ке има разлики, но пријателството претполага дека разликите се прифаќаат и дека може да се справиме со нив.“
Евро комесарот Романо проди на прес конференцијата во Вашингтон изјави дека е заедничка должност на Соединетите Држави и Европската Унија да го донесат мирот во светот.