Достапни линкови

Се повеќе барања за бугарски пасоши


Наместо да ги обработуваат нивите, да го зголемуваат производството и да ги пласираат своите производи како во Македонија, така и надвор од неа, меѓу земјоделците во Македонија се популарна станува една нова активност - вадењето бугарски државјанства. Претседателод на земјоделците Вељо Тантаров за причините вели:

„Затоа што нема заштита на нашето домашно производство од претераниот увоз, многумина земјоделци скоро од целата држава масовно бараат бугарски државјанства, затоа што со бугарскиот пасош ќе можат полесно да работат низ разни европски земји“

Неподготвеното влегување на Македонија меѓу земјите членки на СТО ќе го уништи земјоделството во државава. Го отворивме домашниот пазар за производи од ЕУ каде од 90 милијардси евра, 45 се издвојуваат за заштита на земјоделието. За разлика од нив, нашите производи се неконкурентни во Европа:

„Без поддршка, земјоделците не ќе можат да го издржат товарот што сега го носат и за скоро време, ако ние влезиме во Европа, бидејќи скоро на сите умот му е влегување во Европа, ние тврдиме дека во Европа Македонија ќе влезе без земјоделци и со раселени села.“

Само со последниот наплив на млеко и млечни производи од соседните земји домашните производители го намалија произвидството 50 насто од произвидството, а дел од него го фрлаа и во реките:

„Во нашата држава остануваат неоткупени некаде околу 200.000 литри млеко дневно. Ако владата на Република Македонија не преземе соодветни мерки, до крајот на годината се очекува да останат неоткупени над 20 милиони литри млеко.“

Додека за сето ова владата молчи, производителите на свинско најавија протест пред владата, но Тантаров вели нема да остане само на тоа:

„До владата ќе стигнат и кокошките, и говедата. Затоа што сега имаме масовен увоз на говедско месо и нашиот тнр. гоен добиток нема пласман на нашиве пазари“
XS
SM
MD
LG