Достапни линкови

Отпуштените ја блокираа управната зграда


Со единствениот критериум, партиски неподобни менаџментот на електро стопанство, го изготви списокот на 1100 те вишок вработени кои ќе мора да ги напуштат своите работни места тврдат директно засегнатите кој во знак на протест денеска ги блокираа влезовите на административната зграда на ЕСМ притоа недозволувајки влез на ниеден вработен.

„Најважниот аргумент им е периодот на вработување од 1999 до 2002 година“
„Ум текнало и ајде, одете си дома. Ова е политичка работа“
„Од 1999 година што сме примени до 2002, за времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега овие не избркаа“
„Не е од економски карактер, бидејќи ова е најбогата фирма во државава, туку затоа што сме примени во време кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ“
„Ова е партиска чистка“


Од ЕСМ тврдат, нема партиски отпуштања. Методологијата на бодување што е во согласност со законот за работни односи и колективниот договор беше главниот критериум кој од вкупниот број на вработени ќе се најде на црната листа.

И синдикатот на ЕСМ дал зелено светло за отпуштање на 1100-те вработени. Сега отпуштените бараат поддршка од сојузот на синдикатите на македонија, амбасадите во Македонија и претседателот на државата Борис Трајковски.

„Го повикуваме господин Ванчо Муратовски веднаш да дојде и да постапи согласно обврските што се негово право и должност“
„Ние едно ќе им порачаме на сите странски амбасади: воопшто да не седат и да ги греат само фотелјите, туку да дојдат и да се заинтересираат, бидејќи нивните амбасади ќе бидат преполни со барања за азил“


Ненавлегувајќи во исправноста на критериумите кој да си оди, а кој да остане, на крајот проговара човечката судбина која нималку не е едноставна.

„Што да правиме на улица?!“
„Сега ќе станам социјален случај, бидејќи само јас работам во семејството“


Отпуштените работници правдата ќе ја бараат низ инситуциите на системот за што веќе најавија и покренување на судски спор. Решенијата за напуштање на работните места стануваат правосилни по истекот на трите месеци од објвувањето на списоците на огласните табли во компанијата, што значи работниот однос на овие 1100 вработени ќе им престане во средината на месец септември.
XS
SM
MD
LG