Достапни линкови

Нај надлежните постои волја за работа за сузбивање на организираниот криминал


Во последно време може да се каже дека постои волја кај надлежните инситуции за посериозна работа во контекст на сузбивање на организираниот криминал, вели професорот на Правниот факултет, Никола Тупанчески:

„Воопшто, кога е збор за организирањето на државата во сузбивањето на сите форми на организираниот криминал, може слободно да речам дека последнава година-две се поочигледна е готовноста на државата да се спротистави на сите форми на организиран криминал. Значи, тука влегуваат како корупциските деликти, така и криминалот што е поврзан со трговија на луѓе, трговијата со оружје, наркотици итн.“

Според него ова е резултат на координарана активност на надлежните органи:

„Различните субјекти во последно време се обидуваат координирано да се спротивстават на оваа општествено негативна појава со предзнак на организиран криминал. Тука влегуваат Министерството за финансии, каде што по донесувањето на законот за финансиска полиција е во ситуација да се комплетира составот и структурата на таа финансиска полиција којашто ќе биде директно тело одговорно за сузбивањето на финансиските деликти“

Меѓутоа професорот посочува оти освен формирањето на овие институции и донесувањето на низа документи потребно е нивно спроведување во праксата. За поуспешна борба против организираниот криминал Тупачески вели оти треба да се интензивира работата на надлежните органи:

„Најнапред треба добра организираност во поглед на детекцијата на формите на организиран криминал. Станува збор за предкривичната постапка каде што надлежностите на полицијата се најголеми – до сите инспекторати и тела коишто според законот за кривична постапка имаат обврска да поднесуваат кривични пријави“

Меѓутоа клучна за да се спроведе успешна активност за сузбивање на организираниот криминал, е една сеопфатна општествена акција, што значи вклучување на сите граѓани:

„Покрај полицијата, се разбира дека и граѓаните на Република Македонија имаат обврска кога ќе стигнат до некој податок да алармираат или полиција или некој инспекторат. Значи, може да се бара и учество на самите граѓани во откривањето на организираниот криминал“.
XS
SM
MD
LG