Господине Пендаровски, како ја оценувате безбедносната состојба по последниве случувања, зголемениот број на инциденти и заканувачки изјави на одредени поранешни команданти на ОНА и соопштенија од т.н. АНА дека во Македонија повторно ќе има војна?
Па, мислам дека сеуште држат генералните квалификации дека одиме во позитивна насока. Значи, генерално ако ја гледате безбедносната ситуација, сега и пред три месеци, или пред една година таа е подобра, неспорно подобра. Малку загрижува порастот на вооружени инцидентни, но јас тврдам дека се работи за изолирани поединци и групи кои меѓу себе не се поврзани со една заедничка агенда. Тоа треба од една страна да не охрабри, но од друга страна и да не натера и така изолирани какви што се да се позанимаваме со нив. Инаку, заканите за нова војна од поединци и групи, без разлика дали се направени на веб сајтови или пред камера и во микрофон, не се реални. Во Македонија во 2003 година нема да има нова војна. Не затоа што некој така сака, туку затоа што повторувам дека нема контекст, нема амбиент, нема политичка или идеолошка поддршка за такво нешто, нема заинтересираност на значаен дел луѓе, нема поддршка, нема фрустриранмост кај некои кругови на албанското население и не можам да видам дека тоа може толку бргу да се промени и во следните месец - два да видиме воени дејствија како во март 2001 година.
Можат ли последниве вооружени инциденти да влијаат врз безбедносната состојба во земјава?
Можат, неспорно е дека можат. Имавме пред два месеци напад на судот во Струга, што по дефиниција е државна институција. Имаме напади на полициски патроли. Она што може да се забележи во последниов период е дека постои тенденција на зголемување на бројот на вооружени инциденти. Она што дава храброст е дека МВР почнува да се справува со овие работи. Имавме серија активности на министерството во поранешните кризни региони, а тоа не беше случај во минатото. Неколку акции во таа насока влеваат насока дека МВР ќе ги стави работите целосно под своја контрола. И втора работа е тоа што нема поврзаност меѓу сите тие инциденти.