Македонија сеуште претставува мека за пласирање на шверцувани цигари. На пазарите, дуќаните и по трафиките и натаму се забележуваат кутии цигари без бандероли било од домашно или странско производство. Но, за волја на вистината обемот на овој бизнис во однос на минатата година видно е немален. Тоа е добро не е и доволно, бидејќи многу лесно истиот може повторно да заживее како во старите добри времиња констатира поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
„Тој шверц многу тешко може да се сузбие и верувам дека после одредено време тој ќе се зголемува. Затоа што, штом ќе се воспостават нови канали – затоа што тој бизнис е многу профитабилен и ќе функционира“.
Од царината велат, од септеври годинава царинската управа ќе почне со употреба на сателитски систем во следењето на камионите што транзитираат низ Македонија. Ова решение се нуди како лек против главната болка кога шлеперите со цигари кој транзитираат низ Макеоднија без објаснување ќе се загубат во некој од западните делови од државата, каде потоа се истовара и богатиот плен.
„Пилот-проектот трае веќе четврта недела во Царинската управа, а се очекува конечно да стартува од септември оваа година при што во сите камиони кои превезуваат цигари ќе се монтира електронска сателитска пломба и на тој начин Царинската управа ќе може да знае во секој момент каде се наоѓа камионот што превезува цигари“.
вели Златко Ветеров директор во царинската управа. И покрај најсофистицираната апаратура која царината планира да ја воведе комплетно уништување на шверцот со цигари не е возможно да се очекува велат во царината.
„Дека апсолутно ќе се елиминира шверцот – не, меѓутоа, дека ќе биде многу намален нема сомнение, бидејќи една од мерките за уништување на шверцот е употребата на високо софистицирани електронски технологии“.
Проблемот со уништувањето на корените на шверцот со цигари лежи исклучиво во власта. Проблемот е во политичката волја дали ја има или не вели Трајанов.
„Сите влади досега најавувале дека ќе се борат против шверцот со цигари, но, по етаблирањето на власта повторно се воспоставува тој триаголник влада – царинска управа – МВР и почнува да функционира тој шверц на цигари“.
Само за последните три години луѓето кој се занимаваат со овој бизнис, во своите џебови инкасирале 250 милиони евра, или математиката е следна провизијата кој морала да се плати за поминување на еден шлапер со цигари изнесувала барем досега од 15 до 70 илјади евра, во зависност од количината и вредноста на цигарите.