Достапни линкови

Системот на одговорност во безбедносните органи не функционира


Системот на одговорност во безбедносните органи во случаи на прекршување на човековите права не функционира. Полицајците ретко се санкционираат за случаите кога ја пречекоруваат службената должност, вели Гордан Калајџиев професор на Правниот факултет и член на Хелсиншкиот комиет за човекови права.

„Самата внатрешна контрола во полицијата до скоро не функционираше. Некои мерки знам дека се преземаат со учество на американски експерти за реформирање на таа служба за внатрешна контрола чијашто основна слабост беше некоја генерална солидарност. Значи, случаите се забошотуваат, освен кога ќе се експонираат во јавноста пошироко и дури тогаш се преземаат некои мерки, кои, сепак, се уште не се соодветни“.

Според него потребно е почитување на веке постечките механизми за санкција

„Механизми за контрола формално постојат – внатре во самата полиција и надвор во судовите и обвинителството. Имаме повеќе контролни механизми кои реално не функционираат од причини што дури и повисоките органи во полицијата, па и во обвинителството, иако на збор се залагаат за правна држава, за одговорност инт., во суштина, со реалното однесување поттикнуваат едно заобиколување на правилата“.

Министерот за внатрешни работи Хари Костов вели оти новото раководство работи во насока на почитување на правилтата за работа на припадниците на безбедносните служби и дека

„Очигледно е дека имало случаи на пречекорувања, меѓутоа, надлежните во Министерството за внатрешни работи не преземале соодветни мерки. Таквата политика е сосема сменета во периодот на новите луѓе во МВР и независно од тоа дали имаше погрешни интерпретации во јавноста, за секој полицаец кој ќе ја злоупотреби употребата на средствата што според закон му се дадени, ќе си одговара. Еве, веќе неколку месеци околу 7-8 полицајци добија отказ од полицијата затоа што употребиле средства кои не доликуваат на полицаец“.

За најавите за санкционирање на полицијаците, Калајџиев вели

„Нема вистинска желба за санкционирање. Овие намери што ги слушаме сега од министерот се само убава желба и треба допрва да видиме дека во судските постапки ќе има повеќе одговорност за оние кои пречекориле овластувањата“.
XS
SM
MD
LG