Достапни линкови

Пресметките со криминалните банди не се пресудни за севкупната безбедносна состојба


Последните активности на полицијата, односно пресметувањето со криминалните банди во поранешните кризни региони не можат да имаат пресудна улога во свекупната безбедносна состојба во земјата, но во поедини домени може да ја усложнат , вели деканот на филозофкиот факултет и поранешен член на националниот совет за безбедност Трајан Гоцевски.

„Клучно прашање е како сега ќе реагира политичкиот фактор во Република Македонија. Имено, доколку главните партии СДСМ и ДУИ заземат политички став да не ги поддржуваат таквите активностио, тогаш мислам во поширока смисла нема да дојде до некакви посериозни нарушувања на безбедноста. Но, за мене клучно е прашањето дали таквите луѓе можат да најдат потпора и да добијат политичка поддршка од некаква структура од земјата или од надвор. Тогаш тие можат да станат и сериозни извори на загрозување на безбедноста на Република Македонија. Особено затоа што според информациите што ги добиваме последниве денови, сепак станува збор за поголеми групи до педесетина луѓе и на сите нас ни е јасно дека една таква вооружена група може да направи прилично големи проблеми особено во населени места“

Најинтесено е вели тој што од ваквите криминални банди најмногу страда локалното населени, во овој случај албанското.

„Во ова време најмногу страда албанското население коешто ниту е виновно, ниту е должно да ги трпи ваквите тортури. Оттука полицијата и органите на јавниот ред и мир се должни да им обезбедат безбедност на сите граѓани, па и на оние граѓани коишто се наоѓаат во таквите региони“.

Акциите на полицијата мора да продолжт вели професорот Гоцевски.

„Мора да се продолжи со акциите и да се приведат кон крај таквите нелегални делувања. Сакам да напомнам уште една работа: сега е од клучно значење како ќе се координираат активностите, бидејќи беше напомнато дека во тие групи имас и граѓани кои не се од Македонија, туку и од соседството. Значи, сега е многу битно да се направи комуникација со Република Албанија, со властите на Косово, со силите на КФОР на Косово. Кога би имало координирана активност, тогаш би се ставило под контрола дивеењето на тие луѓе кои вршат терор врз граѓаните“.
XS
SM
MD
LG