Достапни линкови

Се подготвува концепт за интегрално управување со границите


Со цел границите на Македонија да бидат безбедни се подготвува концепт за интегрално управување со границите, вели македонскиот амбасадор во НАТО Нано Ружин. Тој објаснува дека суштината на овој концепт е регионална соработка, размена на информации за нелегална трговија, емигранти и слично, но и соодветен тренинг на силите кои ке ги обезбедуваат границите. Освен македонската влада која е носител на проектот во него учествува и мегународната заедница

„Во подобрувањето на ефикасноста на граничната полиција и граничните власти на сите земји кои се вклучени во овој проект учествуваат НАТО, Европската Унија, ОБСЕ и Пактот за стабилност. Одделни институции преку соодветни форми на соработка, финансиска, техничка и друга помош или преку постојаните форми како што се УНМИК, разните регионални институции за битка против криминалот ќе се вклучат во реализацијата на овој голем проект со цел да се постигне интегрално управување и безбедност на границите на Балканот“.

Ружин посочува дека во овој контекст Македонија има низа на обврски кои треба да ги исполни

„Треба да се донесе законот за граничната полиција, потоа утврдување на меѓуагенциската група за трансформација на заштитата на границите и други зафати какво што е техничкото екиширање на граничната полиција и сл.“

Амабасадорт оценува оти позначајните резултати од овие активности може да се очекуваат во 2006 година. Тоа не значи, вели тој, оти Македонија досега не работела во насока на безбедност на границите, туку дека немало координарни активности мегу земјите во регионов

„Сите тие активности не беа координирани на регионално ниво, бидејќи знаеме дека границата не е прашање само на една, туку на најмалку две држави“
XS
SM
MD
LG