Достапни линкови

Посвојување на животните решение за лошата состојба


Акцијата за посвојување на животните од Золошката градина во Скопје, е со цел да се оствари идејата, државава конечно да добие ЗОО парк, како што и прилега на една европска метропола. 250 животни во градината, долго време живееа во бедни и очајни услови. Непријатната глетка, за љубителите на животни беше доволен предизвик да се вклучат во акцијата „Бидете родител на вашето омилено животно“ и преку посвојувањето на животните и да придонесат за нејзина реновирање.

„Со посвојувањето, спонзориањето, се донираат средства со коишто ќе и помогнеме на зоолошката градина да го зголемиме борјот на животни и на постоечките да им го подобриме условите за живот. Значи, да им ги приближиме нивните услови за живот приближно на оние што ги имаат во природата. Зоолошките градини во соседните земји и во другите европски земји се снаоѓаат на различен начин, ние го користевме тоа искуство од соседите,“

вели Верица Николова Ефремовска директор на Зоолошката градина во Скопје.

Секојдневно бев во Зоолошката и долго време размислував како да им се помогне на животните таму. Од сите животни го посвоив волкот, бидејки имав чувство дека тој живее во најбедни услови, вели еден од посвоителите Марија Чучанова.

„Студент сум на ветеринарен факултет и јасно е дека ги сакам животните. Отсекогаш сум живеела со животни дома, баш волкот зошто го посвоив, одев претходно доста во зоолошката и гледав на кое од животните му е најлошо.“

Заедно со уште еден посвоител на волкот, иако освен храна не сме обврзани да се вклучиме во реновирањето на ЗОО паркот, сепак одлучивме да го поправиме и кафезот во кој сега живее нашиот волк потенцира Марија.

„Така со другиот посвоител на волкот, заедно го правиме. Мојот волк беше во многу лоши услови, и затоа баш тој волк го земав.“

Инаку, првите резултати од акцијата, се веќе видливи и тие придонесуваат за подобар живот на животните. Посвоени се повеќе животни и во сопственост на дечињата од детската градинска пролет, на повеќе медиуми, фирми, веќе се наогаат мечката, јапонското еленче и ако како што се пишува градината во Скопје е прва на Балканот, соодветно на значењето таа ќе го добие и заслужениот лик.
XS
SM
MD
LG