Претседателите на Русија и на Соединетите Држави Владимир Путин и Џорџ Буш денеска во Санкт Петерсбург ги одржаа првите нивните разговори по војната во Ирак на која Москва и се спротивставуваше, бидејќи не беше одобрена од Советот за безбедност на Обединетите Нации. По разговорите тие ги потпишаа инструментите за ратификација на договорот за намалување на нуклеарното оружје со кој, како што оцени Буш, нуклераните арсенали на двете земји ќе бидат намалени на најниско ниво. На заедничката прес конференција двајцата претседатели изјавија дека овој договор ги рефлектира новите стратегиски односи меѓу Русија и Соединетите Држави. Претседателот Путин во врска со несогласувањата околу Ирак изјави дека токму тие ги зацврстија односите меѓу двете земји.
„Можеби изгледа чудно. Јас исто така верувам дека и покрај сите проблеми во текот на нашата работа околу Ирак, ние успеавме не само да ги зачуваме нашите лични однoси, туку и да ги подобриме инструментите на нашата соработка.“
Тоа го оцени и претседателот Буш, додавајќи дека со претседателот Путин се согласиле оти Обединетите Нации мораат да играат витална улога во реконструкцијата на Ирак. Согласност била постигната и околу иранската нуклеарна програма при што од Техеран е побарано во целост да ги исполни обврските од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Според Путин, не постои алтренатива на американско руската соработка кога е во прашање стабилноста во светот. Буш синоќа во Санкт Петерсбург присуствуваше на одбележувањето на триста годишнината на тој град. На неформалната вечера на која присуствуваа и уште четириесетина светски лидери, Џорџ Буш на кусо, како што јавуваат агенциите, разговарал со германскиот канцелар Герхард Шредер. Другиот опонент на војната против Ирак, францускиот лидер Жак Ширак го напушти Санкт Петерсбург нешто пред пристигнувањето на американскиот претседател. Сепак, нивната средба е неизбежна на самитот на Групата Осум водечки индустриски земји во светот што денеска почнува во францускиот град Евијан. Меѓу другото, токму тоа и го зголемува интересирањето на јавноста за овој самит на кој се гледа како на можност за подобрување на односите меѓу Европа и Соединетите Држави.