Достапни линкови

Средба на претставници на Македонија, Албанија и Хрватска


Динамиката и начинот на имплементацијата на неодамна потпишаната јадранска повелба се главни теми на состанокот на државните секретари од министерствата за надворешни работи на Македонија, Албанија и Хрватска:

„Средбата на ниво на државни секретари на министерствата за надворешни работи на Македонија, Албанија и Хрватска е трета по ред. Првата, да потсетам, се одржа во Скопје во јануари оваа година и тогаш беше утврдена повелбата помеѓу Македонија, Албанија, Хрватска и Соединетите држави. Ова е прилика по потпишувањето на повелбата за партнерство да видиме со каква динамика ќе ја продолжиме соработката, посебно за имплементација на одредбите од повелбата“.

изјави шефот на кабинетот на министерката Митрева, Санта Аргирова. Разговорите во македонското министерство се засилени и со присуството на претседателот на американскиот комитет на НАТО БРус Џексон. Тој претходно беше во Албанија каде што го потврди тврдењето дека трите потписнички на Јадранската повелба ќе бидат подготвени за прием во НАТО во 2006 година. Освен за техничките детали и прецизирање на агендата за натамошна соработка меѓу Скопје, Загреб, Тирана и Вашингтон во забрзувањето на достигнувањата на стандардите на алијансата од страна на земјите од регионов, разговорите во Скопје се можност повеќе да се направи пресек на она што е направено и што треба да се направи. Во преден план се реформите, политички и економски. Борбата против корупцијата и криминалот, јакнењето на демократијата и регионалната соработка. Ова е пораката што Македонија ја доби и на последната средба со министрите на северно атлантскиот совет во Брисел.

„Беше генерално оценето дека состојбата во Македонија се подобрува, но секако обврската земена да се спроведат реформите не може да се избегне и единствената опција за Македонија е да ги реализира реформите“.

изјави Аргирова.
XS
SM
MD
LG