Достапни линкови

Граѓаните најзаинтересирани за невработеноста и сиромаштијата


Последните податоци на истражувањето на Брима галуп кои покажуваат извонредно висок степен на заинтересираност граѓаните на Македонија за прашањата како што е невработеноста, сиромаштијата, корупцијата високите цени , а помала за прашањата како што се меѓуетничките односи или безбедноста за социологијата не се изненадувачки. Во услови на постојан пораст и продлабочување на сиромаштијата сосема очекувано е луѓето да бидат загрижени за она што директно ги засега, вели социолог доктор Весна Димитревска

„Имено, луѓето веруваа во некои политички ветувања за некаква посреќна иднина, но ситуацијата е таква каква што е. Денес – невработеност голема, животен стандард се повеќе опаднат, така што зошто би размислувале за некои повисоки цели и идеали, зошто би зборувале за етнички тензии и било што друго, кога основата за примарните потреби на човекот не би можела да се задоволи. Сосема очекувано е луѓето да бидат загрижени, затоа што не ја гледаат својата перспектива“.

Оттаму и пораката за власта е јасна:

„дека луѓето веќе се толку многу изморени од политики и од дискусии и дека е редно веќе да се мисли за нив“.

Слично заклучува и поранешниот министер за финансии Џевдед Хајредини

„Конечно, после долго време, граѓаните се уверија дека власта некогаш намерно ги држеа во прв план меѓуетничките проблеми со што се оттргнуваше вниманието од економските, реални проблеми. Меѓутоа, бидејќи тоа траеше долго време, се случи се што се случи и сега се повеќе преовладува свеста дека сепак е битна економската стабилизација, перспективите, животниот стандард, вработувањето, а не тоа што властите последниве години се обидуваа да го стават во преден план“.

Хајредини вели:

„Се демаскираат демагогијата, хипокризијата и неморалот на врвоите на политичките партии“.
XS
SM
MD
LG