Достапни линкови

Роберт Сери, амбасадор на НАТО Директор на наменските сили за Балканот. Дојден е крајот за политичкиот екстремизам


Господине Сери НАТО е иницијатор на конференцијата за безбедност и контрола на границите во регионов. Како планирате да помогнете во решавањето на проблемите?

НАТО е заинтересира токму за она што сега и се случува да се постигне регионална соработка во која се вклучени и меѓународните организации за да се подобри ситуацијата на границите. Ова прашање е навистина од голем интерес за НАТО затоа што ние тука сме и ќе продолжиме да бидеме дневно ангажирани на Косово. Тоа е една од клучните задачи на КФОР. Ние сакаме работите постапно да се подобруваат и земјите од регионов да преземаат грижа и контрола за своите граници. Она што НАТО ќе направи во смисла на краткорочни мерки, освен она што веќе го правиме, е да понудиме можност за обука во нашите тренинг центри. Така ќе понудиме помош за сите земји во регионов за воените аспекти на граничната безбедност. Втора работа која всушност веќе ја правиме но би сакале да ја засилиме е да воспоставиме поголем број жешки линии на техничко ниво од страната на КФОР и македонските гранични единици. Тоа значи подобра комуникација. На крајот на краиштата криминалците имаат извонредна комуникација, а државите сеуште не.

Прашањето за статусот на Косово е актуелно, што мислите вие за него?

Се разбира сите знаеме дека статусот на Косово треба да биде дефиниран. И оти ова прашање сеуште не е на дневен ред на меѓународната заедница. Она што ние би сакале да видиме таму е провизорната влада на Косово да постигне одредени стандарди воспоставени од меѓународната заедница и и од господин Штајнер. Се разбира јас не би сакал да коментирам за идниот статус на Косово. Тоа е друго прашање.

Од аспект на Македонија прашањето за АНА е исто така мошне важно. Дилемите се и околу дефинирањето на оваа групација, од терористичка организација на Косово па се до Интернет група во Македонија. Вие ги познавате работите во регионот што за вас претставува АНА или АКШ како се нарекува?

Прво мислам дека не треба да ја пренагласуваме важноста на АНА. Бидејќи на тој начин понекогаш тоа дури им помага. Таква опасност секогаш постои кога говорите за вакви терористички организации. Нашите информации базирани врз разузнавачки податоци е кога станува збор за АНА тоа навистина е мала група која меќу другото користи и Интернет.

Говорите за македонската верзија на АНА?

Не. АНА не е само во Макеоднија, таа е и во Албанија и на Косово. Тие ја користат ситуацијата со границите. Тие профитираат од фактот што границите сеуште не се доволно добро контролирани во овој регион.

Велите дека конференцијата за безбедност и контрола на границите во регионот што се одржа во Охрид е успешна. Каква порака оваа конференција испрати до групите како што е АНА?

Токму сигналот што го испрати конференцијата е оти е дојден крај за политичкиот екстремизам и за користењето на границите од страна на криминалните банди. Се разбира не очекувајте резултати преку ноќ, но сево ова значи дека владите од регионов почнаа да работат заедно за решавање на проблемот. А тоа од самиот почеток беше цел на НАТО.
XS
SM
MD
LG