Достапни линкови

Лидерството на Балканот мора да го преземе ЕУ


Американскиот мултимилионер Џорџ Сорос – основач на фондацијата што го носи неговото име од недела во рамките на балканската турнеја престојува во дводневна посета на Македонија. Деновиве тој во весникот Фајненшал Тајмс се осврнува врз ситуацијата на Балканот и улогата на меѓународната заедница во регионот.

Балканот е важен дел на Европа. Соединетите Држави се со јасна намера да ја намалат својата инволвираност во регионот со што лидерството мора да го преземе Европската Унија, наведува Џорџ Сорос, додавајќи:
Во минатото Европската Унија одговараше на негативните развои, сега таа мора да артикулира позитивна визија. На Балканот борбите стивнаа, но се уште не е обезбеден идниот мир. Косово останува нерешено, унијата меѓу Србија и Црна Гора е тензична, Охридскиот договор меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство е нападнат од поразените политичари кои сега се обидуваат да ја поделат земјата, Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна е премногу комплициран. Според Сорос, евросамитот во Солун нуди идеална можност да се одреди значајна агенда за Балканот. Самитот ги премостува претседателствата на Грција и Италија во Унијата – две земји кои имаат важен итерес во регионот. Џорџ Сорос смета дека Европската Унија досега, со одржувањето на статус кво ситуацијата на Косово, се обидуваше да го одложи овој проблем. Затоа, според него, беше и наметната новата унија меѓу Србија и Црна Гора. Сега, Европската Унија треба да каже како да ги реши прашањата кои се пречка за демократскиот развој на регионот. Обединетите Нации, како што пишува Џорџ Сорос, би требало да им ја предадат власта на косоварите со јасна цел – подготовка на независноста на Косово. Притоа, Унијата меѓу Србија и Црна Гора би требало да остане, но Европската Унија не би требало да се противи на нејзиното распуштање по три години. Босна и Херцеговина треба да се охрабри да го ревидира Дејтонскиот устав што ја прави државата многу скапа и нефункционална. По ваквите модификации, како што наведува Џорџ Сорос, конференцијата на Европската Унија би требало да го реафирмира територијалниот интегритет на сите политички единици во Југоисточна Европа во нивните постоечки граници. Тоа ќе помогне во гаснењето на страхувањата – особено за Македонија – дека независноста на Косово значи натамошно распарчување на Балканските држави. Исто така ќе биде корисно доколку Европската Унија конечно ги реши контроверзите околу името на Македонија, вели Џорџ Сорос кој смета дека според оптимистичката варијанта Хрватска ќе влезе во Унијата во две илјади седма, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора во две илјади и десета, додека Косово и Босна во две илјади и петнаесета година. Европската Унија треба да понуди пат на мапата за нивно членство. Во спротивно, земјите од регионот ќе ја загубат мотивацијата да се издржи во болните, но неопходни реформи, пишува Џорџ Сорос во Фајненшал Тајмс.
XS
SM
MD
LG