Македонија за разлика од другите земји аспиранти кон Европската Унија има и дополнителни обврски за остварување освен приближување на законодавството, а тоа е исполнувањето на обврските преземени од рамковниот договор, вели професорот од Центарот за европски студии Димитар Мирчев:
„Исклучително е значајно Македонија да го оствари тој договор заради внатрешната стабилност, заради поредокот, сигурноста на луѓето, меѓутоа, и заради политичката демократија којашто мораме да ја усогласиме со системите на Европската Унија“.
Во контекст на економијата професорот смета оти владата како што вели прави извесни напори:
„Прво, подобрување на перформансите на македонската економија каде што има резултати, да кажеме, во монетарното подрачје, инфлација речиси нема во овие неколку месеци, понатаму, запрен е трендот на трговски дефицит со странство односно извозот се зголемува и се надеваме дека веќе има индикатори за извесно зголемување на инвестициите, за некој почетен тренд на смалување на невработеноста. Меѓутоа, тоа се уште првични резултати“.
Мирчев посочува оти е добро што владата ја започна кампањата за сузбивање на корупцијата и оценува:
„Мешутоа, се уште немаме резултати во сузбивањето на корупцијата, судството е бавно во тој поглед и се уште има крупни проблеми во корупцијата и појавите на организиран криминал во Македонија“.
За приближување на македонското законодавство со она Еврпската Унија што е услов за сите земји кои се стремат кон членство унијата професорот вели:
„Мислам дека владата се уште нема изработерно стратегија за приближување. Неа ја очекуваме, меѓутоа, и натаму се работи мошне бавно“.