Достапни линкови

Луѓето што живеат во градовите живеат подолго


Според најновите статистички податоци, жителите на Њуjорк живеат подолго од сите други Aмериканци, иако пак стои и тоа дека секој четврти жител на овој мегалополис умира од срцева болест. Сепак просечниот жител на Њujорк живее 77,6 години што претставува своевиден рекорд. Ова меѓу другото, велат статистичарите треба да и се припише и на намалената стапка на смртност од Сида – та, на зголемувањето на безбедноста во градовите и на подобрата здравствена заштита. Главната опасност за Њујорк па и за другите големи градови во принцип се срцевите болести. Причина покрај стресот се лошите навики, од кои на прво место е пушењето. Се смета дека 14 проценти од болестите на срцето и се последица токму на цигарите, а од друга страна пушењето предизвикува рак кај 25 насто од случајите на оваа болест. Меѓутоа во иднина и на овој план се очекува подобрување на ситуацијата. Како што е познато, градоначалникот на Њу Јорк Мајкл Бломерг борбата против пушењето ја прогласи за еден од приоритетите на неговата управа. Во Њу Јорк градските власти забранија пушење цигари на сите јавни места без исклучок.
XS
SM
MD
LG