Достапни линкови

Ариел Шарон ја одложи посетата на Вашингтон


Израелскиот премиер Ариел Шарон ја одложи посетата на Вашингтон по двата самоубиствени напади што се случија изутрината во Ерусалим. Во нападот на бомбаш самоубиец кој се разнесе во автобус загинаа седум лица, а најмалку 20 беа повредени. Во другиот случај бомбашот се раснесе самиот без да успее да повреди други лица во предградие на Ерусалим. И двете експлозии доаѓаат само неколку часа по првата средба меѓу израелскиот премиер Ариел Шарон и новиот палестински премиер Махмуд Абаз средба во Ерусалим на највисоко израелско – палестинско ниво по повеќе од две и пол години. Разговорите Шарон – Абаз кои завршија нешто после полноќ а траеа речиси три часа беа посветени на меѓународниот мировен план во кој се бара запирање на насилствата и создавање палестинска држава до 2005 година. Двете страни, како што е соопштено, се согласиле дека запирањето на тероризмот е клучно за напредок во мировните разговори. Израелско – палестинските разговори требаше да продолжат идната недела по средбата што во вторник беше закажана во Вашингтон меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и израелскиот премиер Ариел Шарон. Палестинскиот министер за информации Набил Амр инаку веднаш ги осуди самоубиствените напади и го повикиа Израел да биде воздржан во одговорот.
XS
SM
MD
LG