Достапни линкови

Употребено и огнено оружје


Веста за инцидентот бргу се проширила низ чаршијата, по што започнала масовна тепачка меѓу младинците од двете етнички групи. Тепачката набргу прераснала во вооружен инцидент, откако од двете страни е употребено огнено оружје. Во пукањето се ранети две лица, од кои едното се здобило со повреда во градниот кош, а другото во натколеницата. Тие биле веднаш префрлени во медицинскиот центар во Тетово, каде повредите им се санирани. Со повреда при паѓање во мешаницата со повреда се здобило и уште едно лице кое по укажаната прва помош е пуштено на домашно лекување. Во нередите кои траеја триесетина минути, демолирани се поголем број угостителски објекти и продавници во центарот на Тетово. Веднаш по почнувањето на нередот, интервенираа полицдајците кои во тоа време беа во центарот на градот, во обид да ги раздвојат двете страни. Набргу, по пристигнувањето на полициско засилување состојбата беше ставена под контрола, а во центарот беа распоредени поголем број полицајци, кои таму останаа и ве текот на ноќта. Како што неофицијално дознаваме, нешто по полноќ полицијата спречила организирана група да предизвика инцидент. При соочувањето со членови на групата, било стрелано врз полицијата при што од истрел од рачен ракетен фрлач е погодено полициското возило хермелин, кое за среќа поминало со само едно уништено тркало. Во текот на ноќта е нападната и тетовската касарна, во која паднале три гранати.
XS
SM
MD
LG