Достапни линкови

Критики за САД за правење компромиси


Независната американска Агенција за меѓународни религиски слободи го објави својот извештај за земјите во кои се кршат религиските права, истовремено критикувајќи го Вашингтон за правањето компромиси со автократските држави во замена за нивната подршка во војната против тероризмот.

Американската агенција за религиски слободи во својот извештај ги посочува Авганистан и Саудиска Арабија како држави во кои со најголем степен се кршат религиските права. Агенцијата истовремено изразува несогласување што Вашингтон не посочува некои автократски режими кои преставуваат посебна загриженост кога станува збор за овие човекови права. По терористичките напади врз Соединетите држави во 2001 година, актуелната американска администрација ги подобри односите со многу автократски режими, како Узбекистан и Пакистан во замена за контра-тероризмот. Вашингтон негира дека подобрувањето на односите го де-фокусира од прашањата за прекршувањето на човековите права. Меѓутоа шефицата на Комисијата на Агенцијата Фелис Гаер верува дека Америка прави компромис самата со себе.

„Доколку постои концепт што ја карактеризира Комисијата, е тоа дека постоји свест и убеденост оти терористичките напади не можат да ја оправдаат трговијата на американската политика за човековите и религиските права во замена за соработка во контра-терористичките напори. “

Во последниот извештај на Агенцијата која е инаку советодавно тело на Белата Куќа и Конгресот, се вели дека е разочарана што државниот секретар Колин Пауел не ги обележил земјите како Лаос, Индија, Пакистан, Саудиска Арабија, Туркменистан и Виетнам. Меѓународната агенција му препорача на Стејт департментот дека мора да работи на теренот во Авганистан каде што локалните команданти вршат репресија. Натаму се препорачува дека на дневен ред треба да биде Саудиска Арабија каде што единствено е дозволен таканаречениот Вехаби Ислам. Што се однесува до Русија таа не спаѓа во оваа група но меѓународната агенција за религиски права во својот извештај наведува дека таму полека спласнува посветеноста за религиски слободи како продобивка по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Агенцијата го повика Вашингтон да ја зголеми загриженоста за зголеменото влијание на ,како што ги нарече ,, недемократските сили во руската владина политика.
XS
SM
MD
LG