Достапни линкови

Разговори за најновото барање на САД


Најрано во среда а најдоцна до крајот на неделава во Македонското министерство за надворешни ќе бидат одржани технички разговори посветени на американското барање за склучување билатерален договор за неиспорачување на американските државјани на новоформираниот меѓународен кривичен суд. Разговорите за документот наречен Спогодба за членот 98 во Македонија од американска страна ќе ги води делегација на прави експерти предвени од Мариса Лино чија што официјална функција е Представник на Стејт Департментот за прашањата што произлегуваат од член 98. Станува збор за посета што треба да го отвори патот за донесување политичка одлука со која Македонија би им се приклучила на 32 те држави кои веќе склучиле таков договор. Во македонското министерство за надворешни е потврдено дека техничките разговори ќе бидат одржани, по што министерството ќе даде мислење за кое треба да расправа и да се изјасни Владата. Треба да видиме какви импликации оваа спогодба ќе има по нашето законодавство, велат во министерството за надворешни со оглед на тоа дека Македонија веќе го има ратификувано законот за прифаќање на ингеренциите на меѓународниот кривичен суд. Склучувањето на спогодбата би подразбирало негово дополнување, промена или анулирање. Дополнителна потешкотија представува европското несогласување на американското барање што резултираше и со отворени критики што на адреса на Албанија и Романија беа испратени од Брисел поради нивното согласување да ја потпишат спогодбата. Оттаму и потребата за расправа и проценка за ова прашање. Тоа го очекуваат и од кабинетот на претседателот Трајковски:

„Прашањето е актуелно, затоа претседателот смета дека е потребно да се отпочнат консултации меѓу релевантните фактори и да се отвори една поширока јавна расправа, во која ќе бидат изнесени различни аргументи и да се води таа јавна расправа по можност без многу емоции за да одговорот што ќе се добие да биде во согласност со националните интереси на Република Македонија.“

изјави портпаролот Борјан Јовановски.
XS
SM
MD
LG