Достапни линкови

Единствена земја од југоисточна Европа со само едно здружение


Македонија е единствената земја од регионот на југоисточна Европа во која функционира само една национална асоцијација на локалната самоуправа. Во нашава земја, улогата на спроведувањето на децентрализацијата заедно со централната власт, ја има единствено организацијата во која се здружени општините од земјава, а тоа е заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Од една страна, тоа е лошо, но согледувајќи ги искуствата на другите земји, од друга страна пак, може да се каже дека функционирањето на само едно здружение на локалната власт е и позитивно, вели Горан Ангелов претседател на ЗЕЛС во Македонија:

„Постоењето на една организација, мислам дека сега за сега е позитивно, затоа што се знае дека Република Македонија е во процес на децентрализација и навистина е потребно единство во општините. Се разбира, со текот на времето ќе се појават и нови асоцијации. На пример, во Словенија има две вакви асоцијации, кои постојано имаат недоразбирања за тоа кој е гласот на општините кај централната власт.“

Иако формирањето на повеќе ентитети во земјата со оглед на понуденото политичко решение со дејтонскито договор се покажа како лошо за развојот, правиме се за меѓусебна соработка, ги пренесува искуствата Чамил Османагиќ, претставник на Сојузот на локалната самоуправа од БИХ:

„Во БИХ во 95-тата година дојде до едно специфично политичко решение, кое подразбира дека земјата е составена од два ентитета. Со оглед на таквото политичко решение, ние имаме две здруженија, сојузот на градови и општини на Република Српска, и БИХ. Можам да ви кажам дека соработката меѓу тие две здруженија е на завидно ниво, што е неопходно со оглед на тоа што секое прашање кај нас е исполитизирано. Прашањето на децентрализација кај нас е специфично со оглед на дејтонскиот договор. Во улога на децентрализацијата се формираат два ентитета и десет кантони и денеска во земјата имаме 13 различни децентрализации. И ова што во БИХ е постигнато како решение секако се покажа како препрека за натамошниот развој,“

вели Чамил Османагиќ.

Со цел успешна децентрализација и решавање на проблемите, повеќето асцоцијации на 12-те земји од југоисточна Европа, минатата година се здружија во една единствена мрежа на национална асоцијација која фукционира под работното име НАЛАСТ. Оваа здружена национална асоцијација во која членуваат сите поранешни југословенски републики, како и Молдавија, Бугарија, Романија и Албанија ја доживеа својата иналгурација пред Советот на Европа во Стразбур.
XS
SM
MD
LG