Нашата држава располага со над шест милиони метри кубни воден потенцијал, меѓутоа овој биланс не е во доволна мера искористен, поради недоволна заштита. Станува пракса, отпадните и комуналните води да се излеваат во реките, а речиси ниту еден град во Македонија не спроведува соодветен третман, ниту располага со пречистителни станици. Овој тренд, според претставникот на комуналните претпријатија Борислав Минов, може да предизвика и загадување на инаку чистите извори кои градовите се снабдуваат со вода за пиење:
„Отпадните води се испуштаат во реките, а од реките повторно тие во одредени делови се враќаат назад во подземјето и како такви го загадуваат подземјето и по одредено време и овие извори да бидат загадени.“
Анализите за квалитетот на водата што се направени во министерството за животна средина повтдуваат дека природната рамнотежа на реките е нарушена.
„Поради загадувањето на реките со органски материи, тука мислам на чисти метали, како и пестициди и тоскични органски соединенија. Да резимираме, опасноста доаѓа од испуштениот отпад од металната и хемиската индустрија,“
вели Љупка Димова, претставник на министерството.
„Како загадувачи тука би ги напоменала и поголемите индустриски центри во нашата земја, како што се Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје, Велес, Штип, Неготино, Демир Капија и Гевгелија, но и сите индустриски објекти.“
За заштита на водите, министерството за животна средина упатува оти е неопходно да бидат изградеи пречистителни станици за што треба да бидат обезбедени пари од државата. Во меѓувреме како превентивна мерка во процедура е изработка на катастар на загадувачи. Со оваа мерка, според Димова, во иднина ќе може да се предвиди точниот број на загадувачи, како и степенот на на водите што тие го предизвикуваат.
„Тука само би кажала пример, дека само шест насто од отпадните води се прочистува.“