Пред денешната посета на американскиот државен секретар Колин Пауел на Блискиот Исток претседателот Џорџ Буш предложи слободна трговска зона меѓу Соединетите Држави и блискоисточните земји. Според него, зоната која би требало да биде создадена во наредниве десет години ќе придонесе за стабилизација и за забрзување на економскиот развој на тој регион. Во говорот на Колумбија Универзитетот во Јужна Каролина Буш наведе дека сега, по ослободувањето на Ирак и по воспоставувањето нова палестинска власт, постојат сите услови да се покачи животниот стандард за луѓето во арапските земји што пак, ќе придонесе за спречување на екстремизмот и насилството во регионот. Според експертите, овој предлог би можело да биде добредојден:
„Мислам дека тоа е интересна идеја. Некои на Блискиот Исток би можеле да ја поврзат со американската акција во Ирак. Но, таа е интересна поради можностите што ги нуди за тамошните граѓани.“
Вели Дејвид Маковски – експерт за Блискиот Исток од Вашингтон. Според него, ваквиот предлог е само еден дел од стратегијата на претседателот Џорџ Буш за менување на тој регион започната со таканаречениот роад мап за мир меѓу израелците и палестинците. Но, некои сметаат дека тоа ќе биде тешко спроведливо.
„Веруваме дека роад мапот е добар предлог. Но, и покрај тоа што е прифатен од палестинците не веруваме дека тој лесно ќе биде постигнат.“
Смета катарскиот емир Хамад бин Калифа ал Тани кој додава дека за тоа ќе треба уште многу жртви на двете страни.