Достапни линкови

Донато Кијарини, амбасадор на Европската комисија во Македонија. Рамковниот договор најважен дел интеграција на Македонија во ЕУ


Амбасадоре Кијарини што ни порачува Европа преку одбележувањето на 9 мај?

Клучната порака е дека постои можност за земјите што биле со векови во војна да престанат и да изградат нешто ново. Тоа е пораката иницирана од неколкумина европејци по втората светска војна. Жан Моне, Роберт Шуман, Аденауер говореа дека по големата војна е време за Европа да го пронајде па дури и да го измисли мирот. И тоа се случи, тој заеднички беше пронајден. 9 мај не е датум што треба да се слави само во државите на Унијата. Идејата која ги соедини земјите Што претходно беа во војна е извонреден пример и инсипрација не само за идните земји членки туку и пошироко. Всушност како што кажа господин Моне запрашан до каде оваа идеја би требало да се шири, тој одговори секаде. Не би требало да има географски ограничувања бидејќи сметаме дека овие вредности имаат универзален карактер.

Колку е оваа европска идеја разбрана во Македонија?

Јас мислам дека тоа е мошне едноставна идеја, пронаоѓање на мирот. Но за таа да се демонстрира мора да заживее. Јас мислам дека во Македонија таа е добро разбрана. Тоа го докажува и силната волја што досега имав можност да ја видам од луѓето дека сакаат да влезат во Европската Унија, оти сакаат да станат европски граѓани, да делат исти придобивки. Се разбира како тоа да се постигне е друга приказна, но како што реков мирот е предуслов . Тоа не е работа која завршува само со потпишување спогодба. Мирот е спротивност на војната, мирот е демократијата, нормално функционирање на институциите, владеење на правото, еднаквост на сите пред законот. Тоа не е идеолошки концепт тоа е предуслов за растеж на сите полиња. Суштината на идејата на Европа е дека не смее да има одмазда поради минатото.

Дали на тој начин го толкувате и условот кој е специфика на македонското барање за вклучување во Унијата, рамковниот договор?

Македонија беше во напредна позиција пред настаните од двеилјади прва. За повторно да дојде во таа позиција таа мора да го исполни рамковниот договор. Тој е дел од сложувалката со која се обезбедуваа стабилноста, мирот и интегрираноста на сите граѓани во демократскиот систем. Затоа рамковниот договор е во моментов најважен дел.
XS
SM
MD
LG