Достапни линкови

Резолуција за укинување на санкциите кон Ирак


Денеска во Советот за Безбедност ќе биде преставена резолуцијата за укинување на санкциите против Ирак – предлог на Соединетите држави, Велика Британија и Шпанија. Русија и Франција бараат пред да се симнат санкциите, Обединетите Нации да прогласат дека Иерак не поседува оружје за масовно уништување.

Во нацрт резолуцијата која ке биде денеска поднесена во Советот за Безбедност на Обединетите Нации се бара итно прекинување на санкциите што Светската Организација ги воведе против Ирак по инвазијата на Кувајт во 1990 година. Американско-Британско-Шпанскиот предлог предвидува етапна елиминација на програмата Нафта за Храна. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Негропонте изрази надеж дека резолуцијата ќе мине во Советот со што ќе биде завршена контролата на Светската Организација врз ирачката нафта и со што ке биде овозможено Соединетите Држави и Велика Британија да ја водат земјата за период од најмалку една година.

„Нема причини зошто резолуцијата за симнување на санкциите кон Ирак би била пролонгирана за подолг период. Ние сметаме дека резолуцијата треба да биде прифатена во следниве неколку недели.“

Франција и Русија кои имаат право на вето во Советот за Безбедност бараат Обединетите Нации да објават дека Ирак не поседува оружје за масовно уништување пред да бидат укинати санкциите. Пентагон соопшти дека ќе го зголеми својот персонал кој е во потрага по ова илегално оружје. Во предлогот за новата резолуција не се спомнува никаква идна улога на инспекторите за оружје на Обединетите Нации. Обединатите Нации според оваа резолуција нема да имаат водечка улога во Ирак туку ке помагаат во обновата и на хуманитарен план.
XS
SM
MD
LG