Достапни линкови

Поскапувањето на лековите недозволиво


Зголемувањето на даночната стапка за 18 проценти предизвика рапидно растење на цените на лековите. По најавата дека ќе поскапат за 13 проценти, тие всушност се продаваат за многу повисоки цени. Во некои аптеки одделни препарати достигнуваат сума за 60 насто повисока, а во исто време еден лек се продава и по различна цена:

„Ако се земе предвид дека се поскапени и одредени услуги и комунални такси, генерално, покачувањето на цените на лековите е многу поголемо од она што беше декларирано дека ќе биде само 13 отсто. Според нашиот закон, цените на лековите се формираат слободно, освен есенцијалната листа на лекови, а тоа значи дека компаниите, фирмите, веледрогериите и аптеките можат да ги формираат цените слободно и тие тоа го искористија. Сега кај одредени препарати имаме рапидно покачување на цената на лековите, што е несоодветно на нивната реална цена“.

вели поранешниот директор на бирото за лекови Илчо Захариев објаснувајќи ги и причините за зголемувањето на цените на лековите на македонскиот фармацевтски пазар. Според принципот на врзани садови се зголменеи и цените на другите услуги во здравството.

„Паралелно се покачи и партиципацијата. Кај некои препарати партиципацијата порасна за 40 отсто, бидејќи таа е скалеста – како што растат цените на лековите, расте и партиципацијата“.

Вообичаено најголемиот дел од покаќувањето на цените го плаќаат граѓаните:

„Кафетините беа 25 денари, сега ми наплатија 30“
„ Лековите за трудници и за доилки се скоро 300-400 денари поскапи. Барем лековите треба да се нбајефтини, затоа што се најнеопходни“
„За тој што има не се скапи, но за мене лично лековите се скапи“


Захариев се согласува оти сумата што граѓаните во Македонија треба да ја издвојат за лекови е недозволива:

„Кога 50 отсто од населението нема сини картони и не е осигурано, кога 40 отсто не добива редовно плата, да се гаснат социјалните функции и да воведуваш рестриктивни функции со покачувањето на цените на лековите е недозволиво. Мислам дека, генерално, контролата на секој од лековите е приоритет на Министерството за здравство и формирањето на единствени цени на лековите е неопходно, ако сакаме да ги заштитиме граѓаните и да го подигнеме националното здравје на повисоко ниво“.
XS
SM
MD
LG