Една од главните грижи на Вашингтон е дека Иран ќе се обиде да ги искористи своите врски со мнозинското шиитско население во Ирак за да ги саботира американските напори во обновата на земјата. Портпаролот на Белата Куќа Ари Флечер го предупреди Иран да не се меша во креирањето на ирачката иднина.
„Јасно му кажавме на Иран дека ќе се спротиставиме на какво и да е надворешно влијание во Ирак на патот кон демократијата. Инфлитрацијата на агенти за дестабилизација на шиитската популација пропадна и тоа јасно и го ставивме на знаење на иранската влада.“
Техеран демантира дека е вмешан во креирањето на пост-воен Ирак. Иранскиот министер за надворешни работи Камал Харази изјави дека неговата влада ги охрабрува ирачаните да ги прекинат насилствата и да се обединат во формирањето демократска и слободна влада. Меѓутоа, тој додаде дека Соединетите Држави го окупираа Ирак, а сега ги обвинуваат соседните држави за мешање во внатрешните работи на таа земја. Аналитичарите оценуваат дека Иран има големи гео-стратегиски интереси во Ирак, но и ограничени можности за некои конкретни чекори на тој план. И покрај религиозната поврзаност на шиитите од двете страни на границата, ирачките шиити се практично ривалски во однос на оние во Иран, оценува Аношираван Ехтешами од центарот за исламски студии на универзитетот Дурам во Англија.
„Јас многу се сомневам дека иранската влада се обидува да се меша, да етаблира теократски режим во Ирак преку официјални канали. Ирачкото шиитско движење постои пред конституирањето на Исламската Република Иран. Тоа секогаш беше политичка сила.“
Од друга страна Техеран е загрижен за соспствената безбедност откако релативно лесно беше соборен режимот на Садам Хусеин, а на листата на оската на злото, покрај Ирак, Вашингтон ги вбројува и Иран и Северна Кореја. Аналитичарите сметаат дека Иран ќе настојува да избегне евентуална воена конфронтација. Вилиам Шами, експерт за регионот, вели дека Техеран води прагматична надворешна политика.
„Иран не сака да биде опкружен со американски сојузници, тоа за него е ноќен кошмар. Меѓутоа на Техеран му е јасно дека е воено инфериорен и ќе настојува да избегне каква било конфронтација.“
Шами наведува дека Иран не се согласуваше ниту со воената интервенција во Авганистан, но по паѓањето на талибанскиот режим кога Вашингтон го обвини Техеран дека им дава засолниште на припадници на Ал Каида, иранскиот парламент побара од владата да ги истражи тврдењата и да понуди докази дека таквите информации не се точни. Тоа, според Шами, ја покажува волјата на Иран дека не сака воен судир со Соединетите Држави.