Достапни линкови

Без конкретен датум за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација од Грција


Не можам да кажам точно кога грчкиот парламент ќе ја ратификува спогодбата за стабилизација и асоцијација, иако министерот за надворешни работи најави брза процедура што секако ќе придонесе во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, изјави по разговорите со претседателот Трајковски актуелниот министер за развој на Грција и поранешен шеф на одбраната Ахис Цохазопулос.

„Јас го информирав претседателот дека предлогот и законскиот проект на грчката влада се наоѓаат во грчкиот парламент, таму каде што ќе се води дискусија. Тоа ќе биде уште една додатна база за развивање на соработката“.

Целта на посетата на Македонија во чии рамки Цохазопулос разговараше со шефот на државава, премиерот, но и со лидерот на ДУИ се конкретните модалитети за зајакнување на соработката:

„една билатерална соработка во врска со човековата средина и заштитата на водената структура, односно на водите на Вардар и на Дојранското Езеро; за зајакнувањето на соработката на заедничкиот пазар на електричната струја; за унапредување на соработката во врска со природниот гас; да дадеме поддршка на соработката во областа на нафтата каде што имаме значајни резултати“.
XS
SM
MD
LG