Достапни линкови

Геополитичките влијанија врз економските движења


Американските пазари кон крајот на минатата недела ја достигнаа горната граница на тргување. Исто беше и со азиските, бидејќи пред се, Северна Кореа и САРС-от не изгледаа така страшни како во претходната недела. Европејците, како и нафтата не отидоа никаде. Ова се наведува во анализата на американскиот Стратфор за геополитичките влијанија врз економските движења во светот.

Експертите на Стратфор велат дека нивната оценка за светската економија од пред една недела се потврдува. Во неа се вели: Додека некои предвидуваа дека барелот нафта, поради војната против Ирак, ќе чини 80 долари видовме тој да чини скоро половина помалку од вредноста што ја имаше пред таа војна. Тоа и го очекувавме. Американскиот пазар сега и практично е во добра позиција да тргне напред. Цените на нафтата се намалуваат, Бруто домашниот производ расте, Европејците се растроени. Ако војната беше депресивна, нејзиниот крај би требало да биде стимулативен. Стратфор притоа наведува дека американските пазари откако претходно го достигнале дното, во минатата недела растеле солидно. Тоа можеби и не значи дека бикот се враќа, но е многу битно за намалување на се уште раширениот песимизам за американскта економија. Од друга страна во Азија, импликациите на САРС-от врз тамошните пазари долгорочно ќе бидат негативни, додека Европа остана поделена околу сегашниот геополитички проблем – војната во Ирак. Постои основна криза на доверба на некои клучни институции, особено оние поврзани со безбедноста. Тоа нема само да ги избледне економските институции, туку придонесува за се поголемиот јаз меѓу големите европски сили кои би требало да го предводат Континентот. Британија и Италија отидоа по еден пат, Германија и Франција фатија друг. Ако оската Париз – Берлин нема да ја води Европа, а Британија и Италија не можат – тогаш се поставува пршањето кој ќе го прави тоа? Европа не ќе биде динамична се додека овие работи не бидат средени. Во Европа постои волја за тоа, но пречките се суштински. Така европските пазари остануваат неентузијастички следбеници. Стратфор додава дека големите геополитички вести продолжуваат да доаѓаат од Блискиот Исток. Светските пазари очекуваат да видат извесно намалување на насилствата таму во наредниве неколку недели. Палестинците со ново раководство се согласија на разговори. Израелците исто така. Но доколку самоубиствените напади се интензивираат, тогаш американците ќе го намалат притисокот врз Израел. Стратфор, покрај тоа што предвидва натамошно паѓање на цените на нафтата, заклучува дека Азија и Европа се опасни места и оти американскиот, како и пазарите на Блискиот Исток, во наредниот период, можат да ги понудат сите посакувани возбудувања.
XS
SM
MD
LG