Достапни линкови

Одложено потпишувањето на Јадранската повелба


И покрај најавата дека потпишувањето на Јадранската повелба ке се одложи, сепак останува можноста тоа да се случи во предвидениот термин, велат во министерството за надворешни работи:

„Потпишувањето на повелбата за стратегиско партнерство меѓу Македонија, Албанија и Хрватска со улество на САД предвидено да се одржи во Вашингтон на 2-ри мај е одложено, поради како што ни е соопштено неодложните обврски на државниот секретар на САД Колин Пауел којшто требаше да биде еден од потписниците на оваа повелба. Сепак, останува можноста да се случи оваа церемонија, незадолжително во Вашингтон ако обврските на државниот секретар Пауел на блискиот исток го дозволат тоа,“

изјави Санта Аргирирова шеф на кабинетот на Министерот за надворешни работи. Во врска со пишувањата на хрватските медиуми оти Соединетите држави ги известиле владите на Хрватска, Македонија и Албанија дека се одложува договореното потпишување на Јадранска повелба поради тоа што хрватската Влада на 26 април не дозволила прелет на американски транспортен воен авион преку хрватскиот воздушен простор на пат кон Ирак, Аргирова вели:

„Ние немаме таква информација, и нашите информации се дека е одложено поради обврските на Колун Пауел.“

Меѓудругото хрватските медиуми јавуваат дека премиерот Ивица Рачан наводно се согласил со американското барање за прелет на авионот, но министерката за одбрана Жељка Антуновиќ ја одбила молбата на САД. Инаку Јадранската повелба е докуменат со кој се институционализира поддршката на Соединетите држави кон Македонија, Хрватска и Албанија во смисла на нивните напори за зачленување во северно атлантската алијанса.
XS
SM
MD
LG