Достапни линкови

Германија, Гранција, Белгија и Луксембург ќе формираат одбранбен сојуз


Германија, Франција, Белгија и Луксембург ги обелоденија плановите за создавање европски одбранбен сојуз. На мини самитот во Брисел лидерите на овие четири земји потпишаа декларација со која ја искажуваат нивната заложба за формирање воени структури кои ќе бидат одвоени од оние на НАТО. По завршувањето на состанокот францускиот претседател Жак Ширак изјави:

„Сакаме да го спречиме удвојувањето на трошоците меѓу земјите членки во зацврстувањето на европскиот стожер во НАТО. Ние очигледно немаме ништо против атлантската алијанса. Напротив ние сакаме да ја зајакнеме.“

Четирите земји се изјаснија и проширување на европските сили за брза реакција и со други членки на Европската Унија. Мини самитот во Брисел беше критикуван од Британија, Италија, Шпанија и Холандија – кои сметаат дека Соединетите Држави и НАТО претставуваат гаранција за европската безбедност.
XS
SM
MD
LG