Достапни линкови

Битката против вирусот би можела да потрае подолго


Медицинската битка против вирусот САРС кој предизвикува атипично запалени на белите дробови, би можело да потрае подолго отколку што се претпоставуваше во почетокот на неговото појавување. Научниците страхуваат поради тоа што причинителот на оваа смртоносна болест постојано мутира и се менува. На таков начин овој вирус ги избегнува терапиите со лекови.

„Ние се уште немаме капацитет да предвидиме каде оди САРС-от и каква димензија може да добие.“

Вели доктор Џули Гербердинг – директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите. За сега, според неа, за најдобра превентива се покажал карантинот, односно изолацијата на оние за кои постои сомневање дека се заразени со овој вирус.

„Гледаме ефективно сузбивање во некои предели и некакви мерки што се чинат дека се успешни. Мислам дека сепак треба да бидеме претпазливи околу пренесувањето на болеста. Во Хонг Конг беа преземени многу соодветни јавни здравствени мерки, но таму епидемијата продолжува да се шири.“

Смета доктор Гербердинг. Во меѓувреме, научниците наведуваат дека последните истражувања покажале оти ќе биде исклучително тешко да се развие ефикасна вакцина против атипичната пневмонија. Имено таа, како што се додава, постојано добива нови форми. Се смета дека и во случај да биде пронајдена успешна вакцина би можело да се покаже дека таа би била неефикасна за неколку месеци, бидејќи за тоа време вирусот би ги сменил своите карактеристики. Сега например научниците велат дека не станува збор за таканаречениот корона вирус, туку за негов мутант. Со таквата способност на менување овој вирус може непречно да се шири во светот. Затоа некои научници предупредуваат на опасноста дека САРС-от би можел до крајот на годинава да се рашири во Европа па препорачуваат уште од сега да бидат подготвени мерки за заштита и превенција.
XS
SM
MD
LG