Достапни линкови

Меѓународната заедница го поздрави договорот


Светските лидери го поздравија договорот меѓу палестинскиот лидер Јасер Арафат и неговиот премиер Махмуд Абас за формирањето на новата влада. Со тоа се отвора патот за објавување на мировниот план за Блискиот Исток и формирање палестинска држава. По речиси еден месец затишје денеска во Израел е извршен самоубиствен палестински напад во кој загинаа 2 лица.

Портпаролот на Стејт департментот Ричард Баучер договорот за формирање нов палестински кабинет го поздрави како чекор напред кон формирање независна палестинска држава. Со тоа се отвора патот за објавување на мировниот план таканаречениот Роад Мап изработен од Соединетите држави, Европската Унија, Русија и Обединетите Нации уште минатата година. Соединетите држави и Израел имено инсистираа на реформи на палестинското раководство кое ке биде способно да се справи со палестинските радикали и милитанти. Во таа светлина се гледа на договорот меѓу палестинскиот лидер Арафат и премиерот Махмуд Абаз познат и како Абу Мазен за новиот палестински кабинет, во кој премиерот ке биде и министер за внатрешни работи. Претседателот на европската комисија Романо Проди исто така смета дека новото палестинско раководство е голем чекор на палестинската власт, а британскиот премиер Тони Блер за ова прашање посебно се осврна во обраќањето од Даунинг Стрит.

„Ние сме одушевени поради тоа што е договорен палестинскиот кабинет на премиерот Абу Мазен. Сега постојат сите шанси за мировен прогрес на Блискиот Исток.“

Меѓутоа, Блискиот Исток го потресе нов палестински самоубиствен напад. Во близина на Тел Авив на железничка станица бомбаш самоубиец активираше експлозив и притоа уби уште едно лице и рани повеќемина. Советникот на Израелскиот премиер Доре Голд по овој напад изрази очекувања дека новото палестинско раководство ке се справи со милитантите.

„Израел има добиено многу предупредувања за напади од оваа врста, и ние се надеваме дека палестинската влада ќе биде посветена во своите напори на теренот за да бидеме сугурни дека нема да има повеќе вакви напади.“

Инаку во мировниот план како први чекори се бара запирање на палестинските напади и експанзијата на еврејските населби на Западниот Брег и Газа.
XS
SM
MD
LG