Достапни линкови

„Лавовите“ прераспределени во МВР и МО


Наредната недела во среда припадниците на поранешната единица за брзи интервенции „Лавови“ ќе почнат да работат дел од нив во министерството за внатрешни работи, а дел во министерството за одбрана. Неделава припадниците на „Лавовите“ ја предаваат опремата, а се задолжуваат со нова која е потребна за новите работни места на кои се прераспределени.

За резулатите од досегашните активности портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мирјана Контевска информира

„Во базата Стенковец продолжи раздолжувањето на припадниците на единицата за брзи интервенции „лавови“ при што со вкупната опрема и оружје беа раздолжени 150 припадници на битолската чета. Значи, заклучно со 17 април, раздолжени се 467 припадници од кои 268 добија договори за работа во МВР, а 122 се со договори за работа во АРМ. Раздолжувањето започна на 15, а ќе трае до 19 април во базата Стенковец“.

На работа во министерствата за внатрешни и за одбрана ке бидат распоредени 630 припадници на поранешната единица за брзи интервенции. Од нив 390 ке бидат вработени во министерството за внатрешни, а 240 во министерството за одбрана.
Инаку за спроведувањето на оваа активност, Драган Кимовски поранешен припадник на „Лавовите“ вели

„Се се одвива со нормална динамика, онака како што е зацртано со планот и програмата на единицата. Значи, се е во најдобар ред, без никакви задржувања и заострувања. Очекуваме дека следната недела луѓето ќе појдат на своите работни места, онака како што се распоредени по договорот што го направивме со министерот“.
XS
SM
MD
LG