Достапни линкови

Уште една порака за земјите од Западен Балкан за воспоставување стабилни демократии


Од евросамитот во Атина упатена уште една порака до земјите од Западен Балкан за нивни дополнителни напори за воспоставување стабилни демократии во регионо и за почитување на законите. Евролидерите и со заедничка изјава како обид да се надминат нивните поделби околу ирачкото прашање.

Во заедничката изјава, подготвена од Франција, Британија, Германија и Шпанија се бара Обединетите Нации да имаат централна улога во обновата на поствоен Ирак. Но, притоа се додава дека Соединетите Држави ја имаат одговорноста да ја обезбедат стабилноста во таа земја. Со оваа изјава, според експертите, членките на Унијата сакаат да покажат дека ги надминуваат длабоките меѓусебни разлики во ставовите за Ирак. Сепак, независниот аналитичар од Брисел Стефан Маател смета дека ќе биде тешко целосно да бидат надминати европските поделби.

„Во однос на надворешната политика, останува многу тешко да се најде заеднички поглед, бидејќи мислам дека раните се премногу длабоки во овој момент.“

Наведува Маартел. Инаку, вчерашната церемонија во Атина на ратификација на договорите за членство на десет нови земји во Европската Унија, според Габриел фон Тогенбург – аналитичар во Европската Академија во Болцано, е важен момент за процесот на ширење на Унијата:

„Потпишувањето на договорот за членство е со симболична вредност. Мислам дека тоа е важно, бидејќи на европската јавност и се потврдува дека се одвива процесот на проширувањето. Мислам дека на многу луѓе тоа се уште им е нешто далечно.“

Вели Тогенбург. Во рамките на самитот во Атина е и конференцијата за европските перспективи на оние земји што имаат кандидатура за членство во Унијата како Бугарија, Романија и Турција, на земјите кои имаат договор са стабилизација и асоцијација како Македонија и на новите соседи на Европската Унија по нејзиното проширување како Русија и Украина.

„На земјите од Западен Балкан им требаат поголеми напори за постигнување стабилни демократии и за владеење на правото.“

Изјави комесарот за проширувањето на Европската Унија Гинтер Ферхојген.
XS
SM
MD
LG