Достапни линкови

Задолжување од 165 милиони долари во следните три години


Според најновата предлог владина стратегија, Македонија во идниот тригидишен период кај светската банка ќе се задолжи за нови 165 милиони американски долари. За разлика од досегашните задолжување, новиот аранжман ќе се рализира под ИБРД услови, што значи понеповолни, со повисока каматна стапка и пократок рок на враќање.

Аргументот на светската банка е, Македонија го помина периодот на криза кога и се одобруваа кредитни линии под ИДА услови. Новите кредитни линии ќе бидат одобрувани со каматна стапка од 0.75%, рок на отплата 17 години и грејс период од 5 години. Владата се фокусираше на девет проекти што ќе бидат неопходни да се финансират во следните три години или од вкупната сума 35% ќе бидат искористени за структурните реформи додека останатиот дел за инвестициони програми. Поконкретно, за перидот јули 2003 јуни 2004 година предвидено е да бидат повлечени средства за спроведување на реформите во јавната администрарција за што се потребни 30 милиони долари, 15 милиони долари ќе се искористат за реформи во јавните претпријатија „Македонски железници“ и „Макеоднија пат“, колку што ќе биде потребно и за реформите во здраството, додека за модерниицрање на образованите ќе се повлечат пет милиони долари. За периодот 2004 и 2005 година ќе бидат повлечени средства за поттикнување на извозот како и изградба на гасната топлана. За последната година е предвидено заемот да се искористи продолжување на реформите во јавната администрација, покривање на трошоците за судски односно стечајни постапки за што се пресметани потребни средства од 40 милиони долари.

Одобрувањето на оваа тригодишна стратегија што во моментов е во изработка ќе претставува фактички склучување на трет аранжман со светската банка. Финализирањето на владината нацрт програма се очекува да се случи кон крајот на овој месец, а истата пред бордот на директори на светската банка ќе се појави во последните денови на мај. Според најавите првите пари од банкарите од светската банка во земјава се очекува да пристигнат најрано во декември годинава.
XS
SM
MD
LG