Достапни линкови

До ЕУ преку регионална соработка


Политичката и економска европеизација на Балканот е долг процес, но неговите темели се поставуваат сега. Патот кон Европа води преку регионална соработка, ова е пораката од Брисел и земјите од југоисточна европа се чини се подготвени во своите соседи да не гледаат само закан:

„Очигледно има една нова атмосфера која, ако се зајакне, може да даде еден нов квалитет,“

вели Владимир Глигоров од виенскиот институт за економија. Вистинскиот прашање и тест за земјите да ја реализираат најавената соработка не се политичките средби декларации, туку економијата. Европа е подготвена да инвестира, но:

„Би било многу тешко да имате инвестииции во мали, одделни единици. Затоа европскиот концепт е суштински“.

Вели европретставникот Хавиер Солана за Балканот.

Сепак, економистите оценуваат, во таа насока се појавија многу малку, една причина според Јане Миљовски беше стравот од Југославија:

„Ми се чини дека ние фактички друг излез немавме. Единствен начин да излеземе од овој маѓепсан круг во којшто се вртиме е фактички да го отвориме прашањето на регионална соработка и да ги направиме првите чекори. Меѓутоа, тоа го можеме само ако јавноста ја убедиме дека е тоа потребно и дека треба да се работи, независно што да речам во 1991/92 година беше нужно да се одвоиме од Југославија“.

Но, за разлика од политичарите, криминалот нема проблем во интегрирањето. Затоа, ова прашање зазема високо место на агендата на сите процеси на регионалната соработка.

„Токму организираниот криминал почива на транснационалност, што значи вклученост на две или повеќе држави. И токму таа предност што досега ја имаа криминалците, всушност, регионалната соработка на некој начин ќе биде редуцирана“.

вели помошник министерот за внатрешни работи за меѓународна соработка Трпе Стојановски.
XS
SM
MD
LG