Потегот на претседателот Трајковски за помилување на Доста Димовска и Александар Цветков ги исфрли на површина прашањата за последиците што тој во перспектива може да ги предизвика на политичката сцена во Македонија, додека претседателот на владата Бранко Црвенковски како што рече размислува за последиците од овој потег, аналитичарите укажуваат оти можноста од отповикување на претседателот, односно влошувањето на кохабитацијата меѓу претседателот и владата се прашања кои веќе се јавуваат. Според професорот Ѓорши Иванов, од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања со овој потег на Трајковски можна е блокада на одредени политички процеси во земјава:
„Може да се очекува заладување на односите меѓу владата и претседателот, како и меѓу претседателот и собранието, може да се очекува нарушување на некои процеси што се започнати. Со затегнувањето на односите меѓу премиерот и претседателот на некој начин се создава блокада на процесот на политичкото одлучување, затоа што одредени мерки што би ги предложил претседателот не би добиле мнозинство во парламентот“.
Професорот Ферид Мухиќ од филозофскиот факултет зборувајќи за политичките последици вели:
„Во големиот афект кој се акумулира околу оваа работа повеќе стојат некои други интереси. Претседателот на овој или оној начин на некои луѓе веќе им пречи подолго време и можеби ова е добра прилика тоа да се направи. Меѓутоа, реално погледнато, овој гест може да се толкува и како обид малку да се смират афектите во државата, да се размислува поинаку. Прислушувањето не е спорно, лентите не се спорни, се се знае, меѓутоа, натамошното кривично гонење, да речеме од позицијата на претседателот, би можело само повеќе да ги заостри и инаку веќе конфликтните интерпартиски односи и интрапарламентарни односи“.