Достапни линкови

Експлозија под автомобил, нема повредени


Експлозивната направа била подметната од за сега непознат сторител под автомобил што се наоѓал паркиран пред зграда на улицата Гоце Стојчевски во населбата Чаир. Автомобилот бил голф со италјански регистарски таблички.

„Од експлозијата возилото е целосно уништено, а оштетени се уште две возила што биле паркирани во близина, а повредени лица нема“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска. Веднаш по експлозијата која се случила по 22 часот во близина на ова место се слушнале неколку истрели од огнено оружје. За сега, нема повеќе информации за можните поставувачи на експлозивната направа и за учесниците во престрелката.

„Излезена е екипа за антитероризам, извршен е преглед на околината, излезени се и екипи на СВР Скопје и се работи врз понатамошно истражување на случајот“.

Информациите од министерстово дека полицијата работи на случајот ги слушавме и во пректходните случаи на подметнување бомби, оружени престрелки и други инциденти кои беа чести во изминатите две години и и тоа повеќето од нив во овој дел на гладниот град, но за сега за речиси ниту еден случај нема разврска:

„Немаме пронајдено сторители на подметнати бомби во скоро време. Немам податоци декја е пронајден некој подметнувач на експлозивна напраца“

вели Контевска.
XS
SM
MD
LG