Достапни линкови

Четириесет илјади борци за жртвување и герилско војување


Кои се садамовите Федаини од кои најмногу страхуваат сојузничките сили во Ирак? Според експертите, станува збор за триесет до четириесет илјади таканаречени луѓе за жртвување обучени за герилско војување и лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин.

Федаините „Садам“ според разузнавачки извори, во цивилна облека се обидуваат да внесат конфузија меѓу сојузничките сили. Тие се одвоени од ирачката регуларна армија и директно му одговораат на садамовиот најстар син Удај кој и ги формирал во 1995 година. Постојат информации дека тој ја загубил контролата врз овие сили една година потоа откако без дозвола на Садам Хусеин ја снабдел со софистицирано оружје што дотогаш и припаѓало на Републиканската Гарда. Удај, како што се додава, сепак во изминативе години ги користел федаините за свои лични цели и за убивање на противниците на неговиот татко. Тие притоа најчесто дејствувале како маскирани ескадрони на смртта. Американскиот Стејт Департмент на пример ги обвини федаините за егзекуција на двесте жени како дел од, како што се наведуваше во Багдад, кампања против проституцијата. Меѓутоа, постојат сомневања дека во таа кампања главни жртви биле жените на политичките опоненти на ирачкиот режим. Се верува дека Феадините ги раководи генерал Ијад Фати Рави кој за време на ирачко-иранската во осумдесетите години од минатиот век има добиено 27 медали од Садам Хусеин. Тој директно му одговара на Претседателската палата што значи дека овие сили не се дел од армиската хиерархија во Ирак и функционираат надвор од законот и легалните структури. Од минатиот август ирачките власти, во очекување на американската интервенција, воведоа ноќни патроли во неколку делови на Багдад. Тие се спроведувани од ирачките специјални безбедносни сили, но и фадеините кои, како што се наведува, со внесување страв меѓу населението ја држат контролата во градот и ликвидираат секого што на каков било начин се спротвиставувал на нивните наредби.
XS
SM
MD
LG