Достапни линкови

Патрик Батлер, проект директор Интернационален центар за новинари. Старт на тренинг програма за следење и известување на трговија со луѓе


Господине Батлер која е целта на конференциите за подобрување на новинарското известувањето од случаите на трговија со луѓе?

Се надеваме дека новинарите ќе излезат од овие конференции со идеи како подобро да се покрие прашањето на трговијата со жени. Сакаме тие да добијат доволно информации за трговијата, за пробелмот тука, но и за организациите кои работат на тој проблем. Сакаме, исто така, да излезат И со добра способност за истражувачко новинарство за да можат да ги прават приказните кои се И комплицирани приказни. И конечно сакаме тие да имаат подобро разбирање на етиката за да се донесуваат вистински решенија кои нема да им наштетат на жртвите од трговијата, но исто така и на публиката.

Дали осумте земји од регионот кои се вклучени во трите конференции се избрани поради својата поврзаност во трговијата со луѓе?

Да. Сите земји учеснички се балкански земји и проблемот на трговијата е прекуграничен проблем, меѓународен проблем. Сакаме новинарите од различни земји да соработуваат по прашањето на трговијата со бело робје. На зедничката конференција на крајот од годинава, каде ќе бидат собрани новинарите од сите земји ќе излеземе И со регионално решени на проблемот.

Кое е вашето мислење за Мкедонија во врска со овој вид на криминал, трговијата со луѓе?

Македонија примарно е земја - дестинација. Жените, спротивно на нивната волја, се венсуваат во Македонија за да работат како проститутки. Земјата има проблем поврзан со тоа. Нема толку Македонки кои се вклучени во трговија со луѓе. Има некои земји, како Албанија, кои се земји - извор И жените од тие земји работат како проституки. Македонија поради тоа има различен проблем од, да кажеме, албанија или Романија. Но проблемот е многу сериозен во Македонија, тоа е една од земјите на Балканот која има најголем проблем со жените кои се приморани да работат како проститутки. Сепак македонската влада од страна на Соединетите американски држави се смета за една од земјите кои прават вистинска работа со цел да се елиминира проблемот.

Според вас кое е можното решение за проблемот со трговијата со бело робје во Македонија?

Некои од работи кои треба да се направат се на пример реформите во судскиот систем и реформи во спроведување на законите така што трговци ќе можат да се уапсат И да се осудат со целосна примена на законите, колку што е тоа можно, за да ги добијат казните што ги заслужуваат. Тое е еден од проблемите кој треба да се реши, целосна примена на законите. Корупцијата е исто така сериозен проблем, не мислам само за македонија туку за целиот регион, целиот свет. Постојат проблеми со граничарите, полицијата, многу официјални лица кои примаат пари за да дозволат трговијата да продолжи, не зборувам тука само за Македонија. Значи еден од проблемите кој треба да се решИ е и корупцијата. Сметам дека исто така сериозно прашање е И тоа што јавноста мора да стане свесна за сериозноста на овој проблем И тоа се обидуваме да го направите, да им помогнеме на новинарите да ја информираат јавноста за проблемот. Кога луѓето ќе сфатат колку е сериозен проблемот, се надеваме дека јавноста тогаш ќе ја присили владата да направи измени И да ја елиминира корупцијата најбрзо што е можно.

Иако е надвор од вашето поле на делување, што мислите за соработката меѓу владите по ова прашање?

Ние не правиме тренинг за вработените во владите, но ние веруваме дека и владите мора да соработуваат меѓусебно. Нешто што навистина може да им помогне на трговците со луѓе е кога некоја земја има недостиг од законска регулатива, нема стриктни закони за своите граници така што жените лесно се пренесуваат преку границите кон својата целна земја. Значи дури И ако една земја прави се за да ја елиминира трговијата со луѓе, доколку соседните земји имаат слаби закони, тоа овозможува жените лесно да бидат внесени на нејзина територија. Поради тоа владите мора да соработуваат со цел да ги стандардизираат своите закони, така што сите земји во регионот еднакво ќе работата на елиминирање на проблемот.
XS
SM
MD
LG