Достапни линкови

Ирак негира дека Американците влегле во Багдад


Соединетите држави соопштија дека на 17 ден од војната за прв пат нивните сили влегле во ирачкиот главен град Багдад. Ирак тоа го демантира и тврди дека Американците се истерани од главниот аеродром. Тоа пак е отфрлено од американските воени власти.

Коалиционите сили воспоставиле воено присуство во Багдад. Американскиот генерал мајор Виктор Риноарт зборувајќи денеска во американската централна команда во Катар рече дека коалиционите сили ја покажаа способноста да влезат, да воспостават свое присуство и да преземат секакви видови операции што ќе продолжат во Багдад.

Борбите таму се карактеризираа со учество на бројни нерегуларни сили, измешани со републиканската гарда, со употреба на автоматско, артилериско оружје, гранати кои беа користени против нашите сили.

Според американски извори голем број ирачки војници загинале во борбите при влегувањето во Багдад. Илјада ирачки војници се убиени , јавуваат агенциите. Од друга страна, според неколку новинарски извештаји во центарот на Багдад не биле видливи коалиционите трупи. Тоа денеска го рече и ирачкиот министер за информации Мохамед Сахаф ,според кој, е повратена и контролата врз аеродромот. Американскиот воен портпарол Франк Торп на ова одговори дека ирачкиот министер за информации би требало да знае дека коалиционите сили се во срцето на Багдад. Ирачкиот министер Сахаф на прес-конференција прочита и порака за која рече дека е од претседателот Хусеин, а во која се ургира да продолжат нападите врз ирачките трупи и борци.
XS
SM
MD
LG