Достапни линкови

Директорските места и натаму се делат по партиски клуч


Во македонското здравство дефинитивно не постои поинаков пат да се стане директор на некоја институција освен да се биде член на политичка партија.

„Поставувањето на директори во 90 отсто случаи е поврзано со членство во некоја партија. Имаме една генерација од директори кои се зачленуваат во политички партии, бидејќи дефинитивно сфатија дека тоа е на прво место и често пати во различни временски интервали се наоѓаат во членство на партии што се со различна програма и идеологија“.

Оценува деканот на медицинскиот факултет во Скопје Проф Др Јордан Савевски комнтирајќи како кај нас се се назначуваат луѓето што го раководат еден од најчуствителните сегменти на општеството.

Потврда на праксата на која укажува професорот според него претставува и последното назначување на директорите во клиничкиот центар во скопје од страна актуелниот министер за здравство која на местото на поранешните директори кои главно припаѓаа на поранешанта владеачка структура постави личности со партиски книшки на актуелната владина коалиција.

„Едноставно, се договараат: ова место ќе биде мое, ова ќе биде на другата или на третата партија“

Последиците од таквиот тренд се несомнени вели Савевски.

„Ќе се рефлектира врз новите генерации, затоа што виси во воздух сознанието дека ако сакаш да бидеш директор биди член на партија, а она другото помалку е важно“.

Праксата да се именуваат нови директори со секоја промна на политичкаат гарнитура што македонското здравство се издигна на степен на правило според професор Савевски во суштина е многу несериозна. На пример, кога новименуавните дирекотри од Македонија треба да преговараат за спроведување на одредени проекти со нивните колеги од надвор во најмала рака тие се изненадени оти секогаш имаат нов соговорник на една иста тема.

„На пример, ако некој директор почне некакви преговори за било што некој директор го потпишал претходно, нормално кога ќе дојде другиот партнерите кои го потпишале договорот се изненадени затоа што веќе разговараат со друг човек кој може да има сосема спротивно размислување“.

Оттука според деканот на медицинскиот факултет во Скопје Проф Др Савевски неопходно е да бидат направени критериуми според кои ќе се именуваат директорите во македонското здравство според нивното знаење и умеење како што тоа се случувало до пред десетина години пред почетокот на транзицијата.

„Таму каде што одам по клиниките низ Америка и Германија, и по десет, петнаесет и дваесет години, тогаш кога сум бил специјализант и секога кога сум на крај на кариерата, ги среќавам таму истите луѓе кои водат грижа за развојот на болницата“.

Меѓутоа, кога одговара конкретно дали дали наскоро може да се очекува предизвикот на лекарите да стануваат политичари да биде замнет со амбицијата тие да се докажуваат преку свите знаења и умеења Савески констатира.

„Напротив, мислам дека се повеќе ќе имаме членови на партии кои се свесни дека само така можат да бидат директори“.
XS
SM
MD
LG